Постои лек кој не значи дека ќе спаси живот но, може да помогне во ситуации како во случајот со 15 годишното момче кое почина во текот на давањето на анестезија на Клиниката за трауматологија, изјави во 24 Анализа д-р. Маја Мојсова раководител на КАРИЛ. Таа посочи дека тој лек кој не е нов, но е скап и го нема на Хируршките клиники, пренесе НОВА.

„Тоа не е лек со магична моќ но, е добро да го има бидејќи може да помогне. Лекот Дантролен не е нов лек, но не е регистриран во Македонија, а многу тешко се наоѓа и во Источна Европа. Постои во студии дека може да помогне, што не значи дека ќе го спаси животот но, може да помогне во спасување и ние се уште бараме начин каде да го најдеме. Се надевам дека и тој проблем ќе се реши, можеби не треба да го има во секоја болница бидејќи е многу скап, но треба да постои некоја резерва која треба да се чува некаде во државата“, рече Мојсова.
Доктор Мојсова најави дека е побарано да се набави тој лек после случајот со момчето кое почина од компликација по примена на анестазија, но потенцира дека тоа не зависи од лекарите туку од повисоките инстанци.
Сепак, НОВА неофицијално дознава дека пред извесно време во една од приватните болници имало сличен случај кај три и пол годишно дете во текот на операцијата. Болницата го имала овој лек и детето било спасено. По извесно време на него му била направена уште една операција и поминало без никакви компликации, со употреба на друг анестетик.
Повеќе на НОВА на следниот линк.