Заврши координацијата- сега и власта и опозицијата ги знаат предлозите и ја имаат одговорноста!

од Vladimir Zorba
83 прегледи

По повеќе од шест часа заврши координацијата на државно-политичкиот врв .

„Вечерва имавме информативна средба, на која беа презентирани идеите на Нимиц, како и деталите од средбата меѓу мене и Ципарс“, изјави премиерот Зоран Заев.

Заев порача дека  за решение кое ќе биде достоинствено и нема да задира во идентитетот, треба да бидат вклучени сите.

Тој најави и други вакви средби.  „Ќе се разменуваат  мислења, се со цел да има решение, напоменувам, решение , а не одложување“, изјави Заев.

Премиерот рече дека е оптимист, не сакаше да каже детали, не сакаше да ги коментира ниту грчките позиции, но само рече дека тој смета дека може да се обезбеди национален консензус.

Претседателот Ѓорѓе Иванов вели дека сите вакви средби се неопходни. Информираше дека бил презентиран предлогот на Нимиц, но не сакаше да открие детали.

„Процесот се води во рамките на Обединетите нации и потребно е тоа да биде одговорно во рамките на македонските интереси и да не биде на штета на граѓаните“, изјави Иванов.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со  став-дека од овој момент па натаму , одговорноста за процесот е на Владата,

„ВМРО ДПМНЕ е силен поддржувач на евроатланските интеграции и останува на браникот на националните интереси. Оваа средба требаше порано да се случи, сега ги имаме информациите, од сега па натаму  одговорноста за процесот е на Владата“, рече Мицкоски, но не сакаше да одговори дали тоа значи дека опозицијата се дистанцира од процесот на национален консензус.

Детали не откри ниту Али Ахмети за да не му наштети како што рече на процесот.

„Ова е почетокот на крајот на еден важен процес. Многу е важно Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО и актер на стабилност во регионот“, рече Ахмети./Тв 24