Поради Вајнштајн актерка ја продава куќата

од desk2
105 прегледи

Актерката Роуз Мекгован меѓу првите го обвини шефот на “Miramax” Харви Вајнштајн дека ја силувал, а подоцна ја уценувал и и ја уништил кариерата. Сега таа е меѓу првите коија ги чувствува последиците од својот јавен говор.

Актерката е една од најгласните учеснички на движењето “Time’s up”, а овие денови е присилена да ја продаде куќата за да ја финансира својата правна борба против продуцентот Харви Вајнштајн.

Својот дом во Холивуд го продава за два милиони долари, а го купи во 2011 година.

„Навистина е страшно, морам да ја продадам куќата за да ги подмирам приватните сметки додека се борам против чудовиштето“. вели таа за “Entertainment Weekly”.

Вајнштајн против некогашната ѕвезда покренал за сега непозната судска постапка.