Грчката полиција во Атина уапси Авганистанец кој во ранецот имал седум електрични и електронски детонатори и неколку лажни лични карти.

Како што пренесува АНА, одел низ градот како бездомник.
Полицијата спроведе истрага за да го утврди неговото вистинско име.
Според првичните информации, осомничениот немал постојано престојувалиште и живеел со други странски државјани на неколку различни локации.