-6 Берово, потоа Скопје Петровец со -5, Маврово, Тетово, Битола, Демир Капија -4 …

од Vladimir Zorba
115 прегледи

  Утринската температура во Македонија се движи од минус шест до шест степени над нулата. Најстудено било во Берово со минус шест, потоа Скопје Петровец со минус пет, Маврово, Тетово, Битола, Демир Капија минус четири, Струмица, Штип, Дебар минус три, Претор, Лазарополе, Прилеп, Охрид и Крива Паланка минус два, Скопје минус еден, нула во Гевгелија и Виница, еден во Пожаране и Крушево, два во Тополчани и Ѓуриште, до шест степени во Дојран. Снег има само во Пожаране со снежна покривка од четири сантиметри. 

Во наредните денови утринските температури ќе бидат во благ пораст. Времето до четврток ќе биде стабилно и суво време. По котлините ќе има услови за појава на слаба до умерена магла. Во петок ќе преовладува зголемена облачност, ќе започне да дува поинтензивен јужен ветер, а од западните делови ќе започнат и врнежи од дожд кои ќе продолжат повремено и преку ноќта кога понекаде ќе преминуваат во врнежи од снег. Во сабота врнежите ќе завршуваат и тоа во планинските подрачја на истокот каде што ќе има слаб снег и на повисоките места.

Утрово времето е вредро со мала облачност на североистокот. Магливо е во Струмичко, Битолско, Демиркаписко и во скопската котлина. Претежно на североисток и на повисоко дува слаб до умерен северозападен ветер.

Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло, со мала локална облачност особено на исток и тоа во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер поизразен вдолж Повардарието. Претпладне понекаде во котлините ќе биде магливо. Температурата од девет  до 15 степени.

Во Скопје, сончево, претпладне ќе се задржи магливо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер поизразен вдолж Повардарието. Температурата до 12 степени.