Бруно Марс и Кендрик Ламар го „украдоа“ шоуто и освоија најмногу награди на 60 по ред доделување на Греми признанијата. Церемонијата на доделувањето после 15 години повторно се одржа во Њујорк.

Американскиот музичар Бруно Марс беше номиниран во седум категории, за на крај и да освои вкупно толку признанија.
Неговиот албум „24K Magic“ беше прогласен за албум на годината, но и најдобар R’n’B албум, а Бруно, меѓу другите, освои и признанија во категориите за најдобар сингл на годината „24K Magic“, песна на годината и R’n’B песна „That’s what i like“, како и награда за најдобар R’n’B изведувач.
Ед Ширан победи во категориите за најдобар вокален албум и најдобар соло поп изведувач за песната „Shape of You“.
Подоцна признанието предизвика несогласувања на социјалните мрежи, бидејќи на многумина не им се допадна тоа што во таа категорија, од пет номинирани, победи тој како единствен маж.
https://www.youtube.com/watch?v=WVeVXtC00YY
Кендрик Ламар беше номиниран за седум награди, а дома си замина со пет од нив – најдобар рап албум „Damn“, рап песна „Humble“, рап изведувач „Humble“, рап/вокална соработка за дуетот со Ријана во песната „Loyality“ и видеоспотот за „Humble“.
Најголем губитник на вечерта беше Џеј-Зи. Оваа година тој беше номиниран во најмногу категории, во осум, а на крај не освои ниту една од нив.