По 40 години Русија испраќа сонда на Месечината

од desk2
77 прегледи

Институтот за вселенски истражувања на руската академија за науки соопшти дека идната година ќе ја лансираат сондата Луна 25, во рамки на руската мисија на Месечината.

Лансирањето на сондата Луна 25 ќе биде прво по 40 години пауза од лансирањето на руски летала на Месечината.

Целта на мисијата, закажана за почетокот на 2019 година е проучување на хемискиот состав на поларните подрачја на Месечината.

Според руските научници, нив најмногу ги интересираат нестабилните супстанции од вселенско потекло, вклучувајќи го и водениот мраз. Сондата Луна 25 притоа ќе ги истражува и процесите на поларната егзосфера на Месечината.