Димовски: 35.000 амандмани се за општествен консензус

од desk2
131 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, порача дека неговата партија поднела 35.000 амандмани на законот за употреба на јазиците за власта да сфати дека не треба да постигнат само политички, туку пред се општествен консензус.

Тој им порача на владејачките структури , ако не сакаат, не мора да ги консултираат нив, но ги упати до научниците од МАНУ, здруженијата на помалите етнички заедници, јавноста.

Тој очекува дека претседателот на Собранието Талат Џафери нема да си дозволи да го одземе правото на пратениците да се разгледуваат 35.000 амандмани, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.