Мајка го оставила само бебето цела недела, за да се забавува со пријателите

од desk2
87 прегледи

Викторија Кузњецова од Русија која го остави своето бебе дома да умре само, за да излегува со пријателите, осудена е на шест години затвор.

Кузњецова го напуштила деветмесечниот Игор и отишла во посета на пријателите. Таа го сместила синот во количка, ја затворила вратата и заминала од дома.

Потоа цела недела била по забави додека нејзиното бебе во сопствената куќа умирало од глад. Само еднаш се вратила, да го нахрани кучето.

Соседите почнале да се сомневаат дека нешто чудно се случува, па повикале полиција која во нивниот дом затекнала грозна глетка. Бебето буквално било кожа и коски, а аутопсијата подоцна покажала дека внатрешните ограни му престанале со работа, поради недостиг од вода и храна.

Викторија по ужасното откритие е уапсена.

Со оглед на бруталноста на смртта, судијата смета дека Кузњецова намерно го убила бебето.

„Смртта на малиот Игор е предизвикана од дехидратација и изгладнување. Кога бебето било пронајдено во куќата на Викторија веќе било мртво, иако неговите очи биле ширум отворени“, вели тој.

Според податоците кои на медиумите им ги дала полицијата, мајката тинејџерка на суд не покажала никаква вина, а само прашувала што ќе биде со неа.

https://twitter.com/NENoticiasOf/status/940891768211562496

Јавноста во Русија е згрозена од овој случај за кој пишуваа сите светски медиуми.

„Таа го нахранила кучето, но не и бебето, немам зборови. Треба да ја стерилизираат“, вели еден огорчен човек.

Многумина изразија незадоволство од пресудата од само шест години затвор.