
Памела Андерсон стана позната во 1990-тите, кога беше дел од „Спасувачите на плажа“. И додека од продукцијата си замина пред многу години, прекарот на Памела дека е тотален секс симбол остана, пишува Daily Star.

50-годишната актерка ги потсети обожавателите во каква форма е и таа во понеделникот речиси се појави без облека во ноќниот клуб Ламбрц Шоко во Германија. Иако таа беше само гледач, Андерсон се приклучи на забавата. Таа се појави на сцената како гламурозен асистент на волшебникот Ханс Клок и дефинитивно ја привлече јавноста, а рефлекторите беа вперени и во она малку парче облека што на себе таа го носеше.

Памела беше во долна облека со длабоко деколте.
