Револуционерниот бензински мотор на Mazda се натпреварува со електрични автомобили

од Марта Пешевска
92 прегледи

Јапонците од Mazda работат над нов тип високо компресирачки бензински мотор, кој што се однесува до ниво на исфрлени штетни емисии, ќе може да се натпреваруват со електричните автомобилие.

Информацијата е на Automotive News, кои го цитираат шефот на одделот за развој на нови агрегати Митсуо Хитоми. Технологијата која ќе се вика Skyactiv-3, ќе му овозможи на брендот да произведува мотори со драстично поголем КПД, а отделувањето топлина од агрегатот нема да се губи, а ќе се користи за друга корисна работа.

Како што велат претставниците на Мазда, нивните нови агрегати ќе бидат повеќе еколошки отколку повеќето електрични автомобили на пазарот. Јапонците го имаат земено в предвид фактот исфрлање на штетни материи во атмосферата при производство на електрична енергија, како и при производството на самите батерии.

Сè уште не е јасно кога ќе бидат подготвени новите мотори и ќе бидат ставени во сериско производство. Сепак, познато е дека нивната термална ефикасност ќе биде 56% – поголема од сите познати агрегати на бензинот.

Сега лидерот во овој индикатор е Mercedes-AMG моторот на Формула 1, кој има термичка ефикасност од 50%. Истата единица е опремена со концептот Mercedes-AMG Project One претставен на есента минатата година. Во овој прототип, сепак, овој процент е 43.