Озил останува во Арсенал поради Обамејанг

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг во Арсенал, кој денес треба да биде официјализиран, го убеди Месут Озил да потпише нов договор со „топџиите“.

Според Билд, германскиот репрезентативец веќе дал согласност за ова, но потпишувањето на новиот договор ќе биде по Светското првенство во Русија.

Озил се очекува да добие околу 300.000 фунти неделно, што автоматски значи дека тој ќе биде најплатениот играч во историјата на клубот.

Арсенал ја загуби другата ѕвезда чиј договор истекуваше – Алексис Санчез, кој премина во Манчестер Јунајтед, но Арсен Венгер го привлече Хенрик Миктаријан и веќе го договори Обамејанг, што му се допаднало на Озил.

Според германскиот медиуми, 29-годишниот играч од средниот ред се смирил во однос на иднината на Арсенал и видел доволно амбиции на раководството на клубот во однос на трансферите.

Слични содржини