Федерален суд реши дека U2 не се плагијатори

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Федералниот суд на Јужниот округ на Њујорк го отфрли барањето на британскиот композитор и гитарист Пол Роуз, кој ја обвини ирската рок група U2 за плагијат.

Со обвиненијата против U2, Роуз излезе во февруари минатата година. Тој тврди дека групата има позајмено соло на гитара во траење од 12 секунди, од неговата инструментална композиција „Nae Slappin“.

Ирците тврдат дека го користеле овој фрагмент во песната „The Fly“, која е вклучена во албумот „Achtung Baby“ од 1991 година. Британецот побара отштета од најмалку 5 милиони долари од U2 и музичката компанија „Island Records“.

Адвокатите на групата, за возврат, изјавиле дека, генерално, „не постои сличност меѓу песните“. Тие изразија уверување дека секоја судска порота ќе стигне до истиот заклучок.

Судијата во случајот Денис Коут изјави дека еден мал музички фрагмент, за кој Роуз ја обвинува ирската група, не е „доволно голем“ дел од 3,5-минутната композиција „Nae Slappin“ за да може да се зборува за плагијат. Во секој случај, судот не можеше да заклучи дека музичарите од U2 намерно го ископирале предметното соло, посочи Коут.

Слични содржини