Петнаесет години е период во кој секој возач менува два или повеќе автомобили, но кога се овие автомобили во прашање, верноста е многу поголема.

Според најновото истражување кое го спроведе iSeeCars, дилеми нема, сопствениците на Toyota најчесто возат ист автомобил со години, а притоа и типот на возилото не е толку важен.
Во првите десет автомобили кои најретко менуваат сопственик, влегле дури осум модели на Toyota и два на Honda.
А меѓу нив најверен сопственик има Toyota Highlander, поточно 18.3% од тие автомобили.
Нешто помалку на своите автомобили им се верни сопствениците на Sienna и Tundra, а потоа следат познатите Pirus, RAV4 и останатите автомобили на Toyota.
„Без разлика на тоа дали листата е по модели или марки, едно е сигурно, а тоа е дека преовладуваат јапонските автомобили, што е доказ за нивниот квалитет и доверливост“, вели шефот на iSeeCars.
