223
Играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил официјално го парафираше новиот договор со лондонскиот клуб, се пофалија од „Емирати“.
„Топџите“ објавија дека е потпишан „долгорочен договор“ без да даваат специфики. Актуелниот договор на германскиот репрезентативец истекуваше на крајот од сезоната.
Според „Скај Спортс“, договорот е до 2021 година, а неделната плата на играчот ќе достигне до 350.000 фунти.
„На крајот оставив моето срце да одлучи. Како што секогаш сум кажувал, се чувствувам како дома и многу сум мотивиран да освојам многу трофеи во наредните години“, рече фудбалерот, цитиран од тимот од Лондон.