
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, по разговорите со меѓународениот медијатор Метју Нимиц истакна дека идентитетот на земјата не може да се преговара .
“Ако дојде до оваа точка за одлука и мораме да го разгледуваме идентитетот, за жал, нема да има решение.
Димитров прашан што доколку во разговорите биде допрено прашањето за идентитетот децидно одговори дека тоа нема да се прифати.
– Апсолутно не. Идентитетот не може да биде предмет на преговори, бидејќи не е предмет на одлука. Тоа е резултат на историски процес и прашањето е многу поголемо од мене, и воопшто од целата генерација на денешните политичари, а веројатно и идните. Ако дојдеме до таа точка за решние да треба да се допре иднетитетот, за жал нема да има решение. Но, ќе биде многу жално ако две европски држави во 21 век тоа не го препознаат, рече Димитров.
Тој изјави дека станува збор за исклучително прашање за граѓаните на РМ и се следи со големо внимание и загриженост.
– Ние имаме целосно разбирање за тоа. Сакаме ова прашање да се реши на начин што и кај нас и во Грција ќе се смета за достоинствен. Имаме разбирање за граѓаните на Грција кои се идентификуваат како Македонци, но во Европа во 21 век не само нашите соседи во Грција, туку никој не може да го допре и нашето право да бидеме Македонци и да зборуваме на македонски јазик, кој е во групата на словенски јазици, рече шефот на дипломатијата.
По преговорите во Атина во почетокот на неделава, Метју Нимиц беше и во Скопје , каде што во разговорите со раководството на земјата го претстсави пакетот со предлози кои ги претстави минатиот месец како основа на преговорите за името на Македонија.
Протести во организација главно на опозицијата , каде ке треба да се добие политичко партиски профит против владата на Ципрас скринеи под назнзака „Н го даваме името “Македонија” на соседна држава е закажан за в недела во грчкиот главен град Атина .
Според грчките медиуми , се очекува да дојде поголема амса луше бидејќи опозицијата на Ципрас нудат бесплатен превоз, ручек и прошетка по Акропол и Атина за сите кои ќе дојдат да протстираат и да ја бранат „Грчка Македонија„.
Провладините медиуми во Грција не даваат отоврена поддршка за протестот, додека прооозициските ја пумпаат атмосферата, нанјавувајќи и наводни судири, се со цел да се зголеми влијанието на опозицијата.
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас за Ројтерс, изјави дека очекува решение за спорот за името во јуни.
На прашањето што ќе се случи доколку тоа не се случи, тој одговара: “Ќе се реши.”
http://lokalno.mk/kozijas-optimist-za-reshenie-do-juni/
Локалните аналитичари тврдат дека протестот во Атина ќе има повеќе призвук на Антивладин протест и митинг против владата на Ципрас, отколку она што се продава „Македонија е Грчка“ ./КА