Уште еден земјотрес почувствуван во Скопје

од desk2
199 прегледи

Пред неколку минути уште еден земјотрес беше почувствуван во главниот град на Македонија, Скопје, по сабајлешниот на неколку минути по 8 часот.

Се уште нема официјални информации за јачината на овој земјотрес, но граѓаните и на пониските катови во зградите го почувствуваа. Повеќе како бучава, отколку тресење, но јасно беше дека се работи за земјотрес.

На официјалната страница на EMSC, веднаш беше поставено предупредување за почувствуван земјотрес во Македонија.  Начелно, земјотресот се случи во 14.23 часот, а бил со јаќина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, на 4 километри од Скопје, на длабочина од 1 км.