Во среда во Париз аукциската куќа RM Sotheby’s ќе одржи аукција на класични автомобили, а меѓу нив се истакнува Ferrari 166 MM Spider, кој би можел да биде продаден за 4,5 милиони евра.

Автомобилот се натпреварувал во 1953 и 1954 година на трката Mile Miglia и на бројни други трки ширум светот. Се работи за класично ферари со број на шасија 0272 M, кој е продаден на првиот сопственик Агберико Цачиари во Италија, а регистриран е во Модена со ознака MO 29583, а такви има произведено само 13.
По тркачката кариера, автомобилот е однесен во Калифорнија каде учествувал во снимање филмови како “The Racers”, а подоцна е продаден во такома, кој повторно го лакирал, и го подготвил за трка.
Автомобилот редовно се појавувал на натпревари на Ферари, менувал сопственици и стигнал во Масачусетс, па пак во Калифорнија, за на крај да заврши во КОнектикат.
И денес ги има сите оригинални компоненти. Реткиот Ферари ќе биде продаден во среда на аукција во париз, а се очекува цената да достигне меѓу 3,7 и 4,5 милиони евра.