Роби Вилијамс веќе нема да ја пее „Angels“

од desk2
112 прегледи

Иако фановите ја обожаваат оваа песна, пејачот Роби Вилијамс одлучи дека веќе никогаш на концерт нема да го исполни својот голем хит, а образложи и зошто.

– Секогаш кога ја пеам „Angels“ едвај се воздржувам да не заплачам и да не изгледам патетично пред своите фанови. Ја гледам својата публика и помислувам „сега ќе заплачам“ и тоа емотивно ме исцрпува – појаснува пејачот.

На неговите концерти, голем број од присутните на оваа песна носат фотографии од оние кои ги сакаат, а се починати и истите ги креваат во воздух додека трае песната.

Нумерата „Angels“ е објавена во декември 1997, а во 2005 во Велика Британија е прогласена за најдобра песна во последните 25 години.

https://www.youtube.com/watch?v=Ng763McbwTY