Белата куќа размислува да го запре финансирањето за функционирање на Меѓународната вселенска станица

од desk4
73 прегледи

Белата куќа размислува да го запре финансирањето на НАСА наменето за опстојување и функционирање на Меѓународната вселенска станица до 2025 година. Одлуката се очекува на 12-ти февруари. Ако финансирањето биде запрено, тоа сериозно ќе влијае на развојот на вселенското истражување. ISS е најголемиот и најскапиот објект во орбитата околу Земјата. Досега НАСА инвестираше над 100 милијарди долари во нејзината изградба и одржување. Астронаутите во неа вршат експерименти кои се корисни за целото човештво.

Прашањето е колку долго?

Првичните планови беа станицата да функционира до 2024 година како предна позиција во светската наука за истражување на вселената. Запирањето на финансирањето од САД може дури да доведе до губење на овој уникатен објект. Покрај науката, загубите, исто така, ќе се одразат и на приватни компании како што е Space Ex, кои вршат летови и ја снабдуваат станицата. Веројатно, со заштедените пари, Трамп сака да се врати на стара веселенска дестинација.

“Ако станицата ја нема, многу од ресурсите што влегуваат во неа ќе бидат пренасочени кон истражување на нови области. Можеби дури и патување кон Месечината “, коментираше Тихомир Димитров. 50 години по првото слетување на Месечината, трката за неа продолжува повторно. Русија, Кина и САД планираат да испратат луѓе и опрема таму во следните осум до десет години.