Националистички и антивладини протести во Атина околу Македонија

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Голем националистички собир се очекува во Атина.  
На 4 февруари во Атина ќе се одржи националистички протест против решавањето на долготрајниот спор на Грција со Република Македонија за името.
Митингот е организиран од екстремно десничарски грчки политичари и партии, поддржани од профашистичката Златна зора и групата Рубикон, која се заканија и со  пролевање крв. Организаторите на собирот инсистираат на “заедничка граница со Србија”, економска задушување на Република Македонија и на ниту еден начин поимот Македонија да не се користи во името на државата.
“Ако не се дојде до прифатлив компромис, Грција треба да вложи напори за промена на границите, за да се граничи со Србија”, рече еден од организаторите, шефот на Движењето “Грчко решение” Кирјакис Велопулос. Според него “Американците сакаат да создадат протекторат на север од Грција, за да ги минираат руските интереси “.
Ова ќе биде втор таков собир што ќе се одржи во Грција од почетокот на годината. Прваиот  беше во Солун, каде што се собраа нешто повеќе од 50.000 луѓе, според организаторите. Но, овој протест беше далеку помал од мултимилионскиот митинг во раните 1990-ти.
Водечките грчки политичари не го поддржуваат овој протест. Тие разбираат дека повеќе не можат да го одложувааат решението на прашањето со име кое не е од корист за Атина.
Самиот премиер Алексис Ципрас рече дека Република Македонија е препознаена под ова име од многу земји од целиот свет, а во името на државата терминот Македонија ќе се појави на еден или друг начин. Покрај тоа, Ципрас истакна дека не решавањето на контроверзното прашање само дополнително ќе ја поткопа позицијата на Грција. Неговата теза беше поддржана и од градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој изјави дека “идејата дека Македонија е само грчка е многу лоша”.


Градоначалникот на Солун зазеде посилна  категорична позиција дури и од премиерот. Тој рече дека Грција се однесува одвратно кон Република Македонија. Единствениот губитник од ваквата политика се самите Грци кои го губат своето достоинство пред Европската унија и НАТО.
Кон повиците за решение се приклучи и Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој направи специјална изјава: “Во врска со преговорите за името на ПЈРМ Вселенската патријаршија како Црква-мајка на сите балкански православни цркви . Тој ги повикува сите заинтересирани страни да покажат здравомислие и воздржаност по овој толку критичко и чувствително прашање, за да може да се реши мирно и со разум “.

Скопје и Атина   го решаваат долготрајниот спор за името кој трае повеќе од 25 години. Во текот на овој период, Грција ја блокираше евроатлантската интеграција на Република Македонија, тврдејќи дека земјата не може да го користи името Македонија. Во текот на изминатите две години, поради судирот Запад -Запад, грчкото вето почна да работи против регионалната безбедност.
Со доаѓањето на власт на владата на премиерот Зоран Заев во средината на 2017 година, Скопје направи вистински чекори за нормализирање на односите со сите соседи.
Се засилија  и преговорите за решавање на спорот за името под посредство на Метју Нимиц.

Неодамна станаа познати и неформалните предлози кои тој ги има направено на македонската и грчката страна: Република Горна Македонија, Република Северна Македонија, Република Македонија / Скопје /, Република Нова Македонија и Република Вардарска Македонија.

Сериозен чекор кон изнаоѓање на решение за проблемот беше средбата меѓу премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис
Ципрас во Давос. На средбата Заев изјави дека Република Македонија нема територијални претензии кон Грција и ќе го смени името на меѓународниот аеродром “Александар Македонски” и автопатот во знак на добра волја кон Атина.
Оваа недела, меѓународниот посредник Метју Нимиц ги посети Атина и Скопје. По средбата со грчките и македонските политичари, тој рече дека очекува одлуката да се појави во наредните месеци. “Сега имаме историска шанса да го решиме
спорот за името. Сè уште имаме многу работа, но мислам дека сме поблиски од кога и да е да најдеме решение денес, бидејќи двете земји од највисоко ниво имаат волја да го сторат тоа “, рече Нимиц. Неговите напори беа поддржани и од американскиот амбасадор во Атина.

По решавањето на спорот за името, Република Македонија ќе стане 30 членки на НАТО. Земјата одамна ги исполни сите услови, а само грчкото вето беше пречка за евроатлантските аспирации на Скопје. Република Македонија, исто така, ќе може да ги започне претпристапните разговори со ЕУ, а оваа покана може да се добие веќе во јуни оваа година под претседателство набугарското претседателство на ЕУ.

Утрешниот протест во Атина под лупа – протест за името Македонија или антивладин протест? (прв дел)