Најубавиот автомобил за 2017: Alpine A110

од desk2
88 прегледи

На 33-от избор на Меѓународниот автомобилски фестивал во Франција, новиот Alpine 110 беше прогласен за Најубав автомобил за 2017 година. Гласачите го препознаа атрактивниот дизајн кој во себе го носи духот на оригиналниот модел A110 Berlinette.

Новиот Alpine A110 беше претставен пред неполна пола година на саемот за автомобили во Женева со намера да се оживее духот на легендарниот модел Alpine A110 Berlinette со жарот кој тој го носеше со себе со една цел – уживање во возењето.

Гласачите на Меѓународниот автомобилски фестивал во Франција скоро едногласно му ја доделија титулата Најубав автомобил за 2017 година.