Под силни безбедносни мерки, со затворени улици и метро-станици денеска на плоштадот „Синтагма“ пред грчкиот парламент, започна долго најавуваниот протест.

Сите погледи во Грција се вперени кон центарот на Атина. Грчките демонстранти порачаа дека масовно „ќе го бранат името Македонија“. Од сите краишта на земјата, организирани со автобуси, бесплатно или по цени со 50 отсто попуст, пристигнаа во „еднодневна екскурзија“ во грчката престолнина.
Од она што досега можеше да се види на протестот тие во неколку наврати скандираа „Македонија“.