Најмалку едно лице загина, а пет се повредени во москва за време на најсилната снежна бура некогаш забележана во градот откако се води евиденција, соопштено е од канцеларијата на градоначалникот и метеоролошките служби.

Во руската престолнина за 24 часа паднаа 43 сантиметри снег, што е повеќе од половина од она што падна во текот на целиот месец, соопшти Националната метеоролошка служба.
„Едно лице настрада кога дрво падна на далекувод“, наведе градоначалникот Сергеј Собјањин, и додаде дека според досегашните информации бурата соборила 360 стебла.
Тој на Твитер порача до граѓаните да бидат внимателни и дела времето дополнително ќе се влоѓува.
На московските аеродроми десетици летови доцнеа, а повеќе се откажани.
Нешто порано од Московското метеоролошко биро во саботата беше речено дека во Москва паднале 14 мм вода за 12 часа, со што е соборен досегашниот рекорд од 1957 година.
https://instagram.com/p/BexTP0oH6IU/?utm_source=ig_embed
https://instagram.com/p/BexWLNnhFor/?utm_source=ig_embed
https://instagram.com/p/BexZ5AlDuvC/?utm_source=ig_embed
https://instagram.com/p/BexSpYNnCBx/?utm_source=ig_embed