Демонстрантите анархисити се судрија со полицијата денеска во центарот на Атина , јавува Greek reporter.

Фото: Greek reporter
Според извештаите, полицијата користела солзавец за да ги разбие анархистичките групи .
Овој контра-протест е поддржан од левичарски и анархистички здруженија и групи, кој е оддалечен нешто повеќе од еден километар од главниот настан, на плоштадот Синтагма .
На протестот на Синтагма нема судири, а се одржува под мотото „Македонија е грчка“ . Таму денеска со кран беше подигнато и огромно грчко знаме.

Според изјавите на организаторите за грчките медиуми, тие очекуваат на денешниот собир дека ќе има околу еден милион граѓани.
Сепак полицијата тврди дека нема повеќе од 140.000.
Според нив, протестот ги надминува политичките партии и неговата порака е патриотска и непартиска. Тврдат дека протестот е финансиран од „македонски организации во Грција и надвор од неа, особено од САД“.