Ди Бјаџо ќе ги предводи „азурите“ против Аргентина и Англија

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Фудбалската федерација на Италија го објави името на следниот национален тренер.

Тоа е Луиџи Ди Бјаџо, кој го предводи младинскиот тим на „азурите“. 46-годишниот поранешен играч ќе остане на функцијата само за контролните против Аргентина на 23. март во Швајцарија и Англија на 27. март во Лондон.

Италија нема селектор од крајот на минатата година. Тогаш Џанпиеро Вентура беше ослободен поради отпаѓањето од Шведска од баражот за пласман на СП 2018. Како главни фаворити за функцијата се Карло Анчелоти и Роберто Манчини, кој во моментов е предводник на Зенит.

Ди Бјаџо се стекна со добра репутација и ги изведе младите Италијанци до 1/2-финалето на Европското првенство за млади минатата година.

Слични содржини