
Велика Британија и Европската унија не можат да си дозволат да губат време во преговори за излегувањето на кралството од ЕУ. Ова го изјави главниот преговарач од ЕУ за Брекзит Мишел Барние пред средбата, која ќе се одржи денеска.
“Немаме ниту минута за губење. Треба да постигнеме договор, а имаме толку многу нешта да се направи. Поради оваа причина зедовме решение да ја забрзаме на работата “, рече Барние.
На прашањето што мисли за намерата на Британија по разводот со ЕУ да ја напушти и царинската унија, тој одговори: “Треба да ги почитуваме црвените линии поставени од британската влада, но тие мора да ги почитуваат правилата кои се во сила во ЕУ”.
Подоцна денеска Барние ќе се сретне со британскиот министер за Брекзит Дејвид Дејвис. Следниот круг разговори помеѓу Лондон и Брисел ќе започне на 6-ти февруари во белгискиот главен град.
Извори од канцеларијата на британскиот премиер Тереза Мај изјавија дека Британија ќе ја напушти царинската унија по прекинувањето на членството во ЕУ.
Весникот “Сандеј тајмс” информира порано дека Меј може да биде симната од својот фотелја, ако продолжи да го следи плановите за останувањето на Обединетото Кралство во царинска унија.
Според информации на весникот, евроскептиците од Конзервативната партија се поврзале со министерот за надворешни работи, Борис Џонсон и се согласиле дека во случајот на принудно повлекување на Меј, вицепремиер ќе стане министер за животна средина Мајкл Гоув, а цврстиот поддржувач на Брекзит Џејкоб Рис-Мог ќе го предводи Министерството за финансии.
Соодветно самиот Џонсон ќе биде премиер на земјата. Преговорите за Брекзит треба да продолжат до ноември 2018 година, по што земјите ќе имаат половина година за ратификацијата на постигнатите договор во националните парламенти. Самиот Брекзит треба да се одржи на 29 март 2019 година, по што ќе настапи преоден период кој ќе трае до 31 декември 2020 година