
Во јавноста многу се шпекулира за повторно снимање на серијата “Пријатели”, па дури и во форма на филм. Неодамна објавениот трејлер привлече многу големо внимание, но набрзо фановите беа разочарани, бидејќи стануваше збор за лажна снимка.
Актерката Џенифер Анистон во своето гостување кај Елен Деџенерис имаше интересен одговор на прашањето дали наскоро гледачите ќе уживаат во нова сезона од серијалот.
“Се е можно. И Џорџ Клуни се ожени.” – се пошегува Анистон
Минатата година, одговарајќи на истото прашање, таа изјави дека не би сакала тоа да се случи поради денешницата која подразбира технологија и нови трендови.