Балтичките земји изразија надеж дека НАТО Алијансата ќе одобри зајакнување на капацитетите на воздушната одбрана за тоа подрачје, со оглед на тоа што постои голема закана од Русија.

Литванија ги обвини руските власти дека во руката енклава Калининград распоредиле проектили кои што можат да носат нуклеарни боеви глави, а сето тоа се доаѓа во периодот кога односите помеѓу Западот и Русија се на најниско можно ниво од крајот на Студената војна.
Русија и претходно ги распоредуваше своите ракети од типот „Искандер“ во калининградскиот регион, енклава сместена помеѓу Литванија и Полска, двете земји членки на НАТО Алијансата, но Москва го правеше тоа само додека траеа воените вежби на руската армија.
Руските власти сега велат дека ова е одговор на зголемувањето на американската воена присутност во Балтичкиот регион, а од балтичките земји се убедени дека Москва ги распоредува ракетите затоа што има намера да оствари „трајна пристутност“ во регионот.

Владимир Шаманов, претседател на Одборот за одбрана во долниот дом на рускиот парламент, изјави дека во понеделникот ракетниот систем „Искандер“ бил испратен во Калининград, но не откри колку единици биле испратени и колку време ќе се задржат таму.
„Да, ги распоредивме ракетите“, потврди Шаманов за руските медиуми и предизвика бура на реакции кај владите на Балтичките земји.
Литванските разузнавачки служби во својот неодамнешен извештај оценија дека нивното трајно распоредување е „неизбежно“ и дека тоа всушност е одговор на Москва за „мерките на зајакнување на воената присутност на НАТО Алијансата“.
Балтичките земји кои што се членки на НАТО Алијансата, изразија надеж дека на следниот самит на НАТО кој што во јули ќе се одржува во Брисел, најмоќниот воен сојуз на светот ќе одобри зајакнување на капацитетите за воздушна одбрана за тоа подрачје.
„Искандер“, преносен систем на балистички проектили кој што од НАТО е означен како “SS-26 Stone”, го замени ракетниот систем „Скуд“ од советскиот период. Секоја единица има по два проектили на наведуање кои што имаат домет од 500 километри, а главна карактеристика е тоа што можат да понесат покрај конвенционалната и нуклеарна боева глава.