Американскиот генерал Стивен Шук, кој во Косово беше аменик на шефот на УНМИК, е директно одговорен за ликвидација на сведок во хашкиот процес против Рамуш Харадинај.

Ова го тврди Мартин Хајперц, кој бил советник на германската влада кој во Косово престојувал како финансиски експерт во официјалната мисија на Меѓународната цивилна канцеларија, во книгата „Макијато дипломатија“.
Според пишувањето на српски „Телеграф“, тој во книгата, меѓу останатото, укажува на спрега меѓу поединечни функционери и мафијаши кои го презедоа владеењето на Косово. Тој, информациите за генерал Шук ги добил од висок комесар на ОН во Баден.
„Поранешниот американски генерал Стивен Шук, а сега еден од највисокорангираните луѓе овде во УНМИК, има големо криминално досие и тесно е поврзан со овдешната елита. Тој ги изададе имињата на крунските сведоци против Харадинај, кои потоа беа убиени. На мој познаник му рекол дека човек мора некој да тргне од патот ако тоа им одговара на посивоки инстанци“, пренесува Хајперц.
„Телеграф“ наведува и дека Хајперц во книгата напишал и како од сведоците се ослободувал воен другар на харадинај, еден од водачите на ОВК Фатмир Љумај, подоцна министер за сообраќај во владата на Приштина.