Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не е против Корзика да биде конкретно спомената во уставот на земјата, но ги отфрли неколкуте други барања од националистите за поголема автономија на островот, објави Ројтерс.

 

Од вчера, Макрон е во посета на Корзика. Тој нагласи дека спомнувањето на Корзика во основниот закон би значело признавање на идентитетот на оние кои живеат на островот и поврзување со Француската Република. Тој додаде дека понатамошните разговори ќе одредат што ќе доведе до ова.

  За време на неговата прва посета на островот од претседателските избори во 2017 година, Макрон исто така рече дека корзиканскиот  јазик нема да добие официјален статус и дека нема да им дозволи на локалните власти да им се  стави вето на купувањето имот на островот.