Замина уште една холивудска легенда – познат по својата улога во психолошкиот трилер “Психо” (1960)

од desk4
107 прегледи

Американскиот актер Џон Гавин, познат по својата улога во психолошкиот трилер “Психо” (1960) на Алфред Хичкок, почина на 86-годишна возраст, пренесоа светските новински агенции.

Гевин, кој бил болен од леукемија, починал во својот дом во Беверли Хилс, опкружен со најблиските. Причината за неговата смрт е компликации предизвикани од пневмонија, објави TMZ.

Џон Гевин е роден на 8 април 1931 година во Лос Анџелес. Освен со својата улога во “Психо”, актерот е познат и со реинкарнацијата на ликот на Јулиј Цезар во историскиот филм “Спартак” (1960) на Стенли Кјубрик.

Гевин беше претседател на Американската актерска федерација на филмови од 1971 до 1973 година и американски амбасадор во Мексико од 1981 до 1986 година.