Анкета: Мастурбацијата годишно убива над 100 Германци!

од Марта Пешевска
72 прегледи

Почесто отколку што се очекуваше, луѓето умираат додека се самозадоволуваат, вели нова студија правена во Германија.

Според неа, мастурбацијата убива 80 до 100 Германци годишно, а тоа главно се должи на чудните начини на самозадоволство што некои се обидуваат да го практикуваат, пишува Билд. Последниот таков случај се случи пред Нова Година кога еден човек од Хесе беше пронајден мртов на таванот во неговата куќа.

Според истражувачите, тој бил задавен и, кога бил пронајден, бил врзан со вратот и синџирите на телото. Немаше знаци на насилство и заклучокот е дека тој починал додека се самозадоволувал.

Во овој случај портографски слики биле пронајдени околу него. Лидерот на студијата, Харолд Воб, тврди дека најчестата причина за овој тип на смрт е недостатокот на здив. Тој проценува дека кај милион Германци во еден до два случаи годишно смрта се должи на употребата на објект со цел да се зголеми сексуалната возбуда.

Вистинскиот број на овие случаи, сепак, е многу поголем, бидејќи роднините на починатиот многу често ги откриваат телата и ги кријат околностите затоа што се срамат.

Како пример, Воб дава пример на една жена од Хале, која го открила безживотното тело на нејзиниот син, чии брадавици биле вклучени на електрични Божиќни светилки. Жената ги повлекла светлата и каблите пред да побара итна помош. Потоа, според нејзиниот исказ станало јасно дека тој сакал на овој начин да се возбуди, но неговото срце не издржало. Повеќето жртви на мастурбација се мажи, но има случаи и на жени, вели Воб.