111
Околу 30 милиони евра изнесува првично утврдената штета која поранешното раководство на Министерството за внатрешни работи,предводено од Гордана Јанкулоска, сега обвинета во низа случаеви на Специјалното јавно обвинителство, за девет години, преку сметките за денарско и девизно работење и спец-касата на МВР и УБК ја ненло врз Буџетот на Република Македонија. Точната бројка ќе се знае откако државните ревизори ќе ја испразнат големата соба во МВР полна со сметки, објави порталот Судство.мк.