САД се подготвени да преговараат со Северна Кореја

од Vladimir Zorba
63 прегледи

САД се подготвени да седнат на преговарачка маса со Северна Кореја. Ова е она што американскиот потпретседател Мајкл Пенс го изјави во интервју за весникот Вашингтон пост.


Тој раскажа дека разговарал со лидерот на Јужна Кореја Мун Чин Јин  за условите за можна идна
интеракција со Пјонгјанг, што отпрвин ќе биде иницирана од Репбулика Кореја и потенцијално потоа од
САД. Медиумите  велат дека ова е “истовремено максимален притисок и интеракција”.
“Суштината е да не се слабее притисокот додека тие (Северна Кореја) во реалноста не почнат да го прават она што според сојузниците (САД со Јужна Кореја) е суштински чекор кон денуклеаризацијата”, забележува тој.
Кампањата со максимален притисок ќе продолжи и ќе се зголеми. Но, ако (Северна Кореја) сака  да разговара , ќе разговараме и со вас. ” е пораката на Трамп соопштена од Пенс./ ТАСС