Арсен Венгер е многу веројатно да биде принуден да го напушти Арсенал, ако за втора година по ред, тимот остане надвор од Лигата на Шампионите, пишува „Дејли Мејл“.
Тимот од Лондон заостанува сериозно во Премиер лигата, откако е на 8 поени од Топ 4 и единствената шанса да се вратат меѓу најдобрите на Стариот континент очигледно е преку освојувањето на Лига Европа.
Шефовите на „Емирати“ сакаат категорично да ја избегнат случката од претходната сезона, кога нејасност во врска со иднината на Венгер имаше до последно, пред тој сепак да одлучи да го продолжи договорот.
Французинот има договор за уште една сезона со „топџиите“, но трпението на раководството почна да се исцрпува, и покрај огромните негови заслуги за развојот на клубот.
Ново пропуштање на Лигата на шампионите ќе има и негативен финансиски ефект, откако тимот преговара за нов снабдувач на опрема од сезоната 2019-20, но големите компании нема да сакаат да станат спонзори без учество во ЛШ.