Јоханес Хан: Македонија ќе го реши спорот за името пред јули!

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Европската Унија е “многу убедена” дека Македонија ќе го реши тековниот долг спор со Грција за своето име пред јули, рече комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан. Атина одамна се спротивставува на името на Македонија, тврдејќи дека тоа значи дека Скопје треба да бара територија и наследство на историскиот северен дел од Грција со исто име.

Спорот, кој се разви од осамостојувањето на Македонија од распадот на Југославија во 1991 година, ги попречи плановите на Скопје за влез во НАТО и во Европската унија. Запрашан дали овој спор може да се реши до крајот на бугарското претседателство на блокот, кој завршува во јуни, комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан изјави дека е “многу убеден” во тоа .

Хан е во Софија на разговори меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и нивните колеги од земјите кандидати за влез во блокот. ЕУ минатата недела претстави нов план за членство на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, но рече дека мора да ги решат споровите пред да се приклучат. Македонскиот премиер Зоран Заев минатата недела рече дека неговата земја е подготвена да направи отстапки со додавање на дополнително име со георграфска одредница. Предлозите ги  вклучуваат Горна Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија и Македонија – Скопје.

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, изјави за новинарите во Софија дека неговата земја е зрела и веќе нема потреба од “корени пред 2000 години, за да се чувствуваат сигурни во себе”. “Подобро е да се здружат и да се тркаат за работите кои имаат значење денес, отколку да се натпреваруваме кој имал повеќе славни победи и порази во нашата богата историја”, рече тој. / АФП