Рокерот Томи Ли се вери по петти пат

од Vladimir Zorba
368 прегледи

Рокерот Томи Ли, познат како тапанар на хеви метал групата „Мотли Кру“, која во 2015 година организира проштална турнеја, се вери по петти пат.

Новата дама, со која 55-годишниот Ли ќе се ожени, е 31-годишната комичарка Британи Ферлан. Рокерот ѝ понудил брак на Денот на вљубените, по помалку од една година врска, објавија американските медиуми.

Ферлан лично се пофали со ангажманот објавувајќи го својот прстен, со огромно дијамантно срце. „Тоа е дефинитивно подобро од чоколадата. Поздравете ја идната г-ѓа Ли“, вели бринетата.

За Ферлан ова ќе биде прв брак, а за Томи Ли – четврти.

Иако се спрема за четврта свадба, рокерот се ожени пет пати. Со три од свршениците – моделот Елејн Берген и актерките Хедер Локлир и Памела Андерсон, музичарот застанал на олтарот. Со четвртата – Софија Туфа, за кого се вери во 2014 година, Ли никогаш не се ожени. Двојката се раздели во 2016 година, потсетува весникот.

Иако во неговиот кревет поминале безброј жени, Томи Ли вели дека е многу претенциозен во однос на претставничките на женскиот поло. Сепак, рокерот не го крие тоа дека по неколку пијалаци, неговите критериуми често се намалуваат.

Слични содржини