Почна да се емитува серијата за 18+ видеото на Памела Андерсон и Томи Ли

од Vladimir Zorba

Започна емитувањето на долгоочекуваната серија „Pam & Tommy“ која пристигна на стриминг платформите Disney + и Hulu. Заплетот на серијата се врти околу секс снимката на Памела Андерсон и Томи Ли, кое протече во 1995 година.

Главните улоги во серијата ги толкуваат Лили Џејмс и Себастијан Стен. Во првите три епизоди, гледачите можеа да видат голем број експлицитни сцени, лажни големи гради и „пенис што зборува“. Првата епизода се фокусира на разбојник кој ги открива нивните домашни работи откако упаднал во домот на Памела и Ли.

Веќе во втората епизода до израз дојдоа вештачките гради на Лили која ја игра Памела. Лили за серијата носеше реалистични протетски гради од 75 Е, кои го повторуваат деколтето на Памела. Во една сцена, Томи Ли зборува со својот пенис за време на халуцинација предизвикана од дрога.

„Јас сум заљубен. Таа е толку секси“, вели Томи Ли во серијата, а неговиот пенис одговара: „Ние го поминавме ова и порано и никогаш не заврши добро“.

По емитувањето на првите епизоди на IMDb, серијата има оценка 7,7 од 10, а на социјалните мрежи има многу коментари. Скоро сите го споменуваат истото.

„Тоа се протетските гради на Лили Џејмс?“ „Како и ги направија градите?“, „Јас како хомосексуалец гуглам дали градите на Лили Џејмс се вистински“, се само дел од коментарите.

Слични содржини