Томи Ли: „Локав“ како животно, пиев околу 8 литри вотка дневно“

од Vladimir Zorba

„Локав“ како животно. Пиев без престан, во просек околу осум литри вотка дневно. Тоа беше време кога бев млад и глупав, а на крајот на краиштата не ми се верува дека внатрешните органи ми се во одлична состојба – изјави Томи Ли во подкастот „Club Random“ на Бил Махер.

– Не ни забележав колку пијам додека не го допрев дното, а пиев од чиста досада. Ќе се разбудев наутро и ќе испив чаша вотка наместо вода. И тоа голема чаша. Денес разбирам дека бев на смртна мисија, дека во тие моменти црниот дроб ми беше на патерици – признава тапанарот на бендот Motley Crue и поранешен сопруг на Памела Андерсон и Хедер Локлир, кој се бореше со проблеми поврзани со алкохолот со години.

За разлика од неа, Томи Ли тврди дека денес, откако не пиел четири години, е здрав како дрен.

– Лекарите ме прегледаа и надворешно и внатрешно. Ми ги кренаа палците и ми посочија дека сум во одлична форма – вели 61-годишниот музичар.

Слични содржини