Германскиот канцелар Ангела Меркел бара Европската унија да постигне напредок во однос на заеднички систем за азил , предупредувајќи дека земјите-членки, кои очекуваат финансиска поддршка од страна на блокот, мора да покажат солидарност и во однос на мигрантите, соопштува АП.
Меркел коментираше дека ова прашање е еден од нејзините приоритети и се надева дека ова ќе биде можно до јуни.
Германија има над 1 милион луѓе кои бараат азил од војни и прогон во последните години, укажувајќи силен притисок врз буџетот на земјата, што води кон антимигрантски расположенија.
Некои други европски земји, како што се Шведска, Грција и Италија, исто така, носат голем товар за миграцијата, а за сметка на тоа неколку земји од ЕУ одбиваат да прифатат голем број мигранти, и си тераат со таквата неодговорност и комоција.