215
Авиокомпанија „Емирати“ останува спонзор на Арсенал до крајот на сезоната 2023/24, стана јасно од потпишаниот денес договор меѓу двете страни. Од Арсенал соопштија дека тоа е „најголемиот спонзорски договор за лого на официјалните тимови, потпишан некогаш“, но не дадоа детали за трансакцијата.
Според британските медиуми тој вреди повеќе од 200 милиони фунти.
Како дел од договорот, авиокомпанијата од Дубаи ќе ги задржи правата на името на стадионот на Арсенал до 2028 година. Овој договор за името на стадионот истекува во 2021 година.
„Емирати“ го потпиша првиот спонзорски договор со Арсенал во 2004 година, а од 2006 година името на компанијата е испишано на дресовите на играчите на Арсенал.