Поранешниот потпретседател на САД Џозеф Бајден не ја исклучи можноста да се кандидира за претседателските избори во 2020 година, соопшти Еј Би Си. Бајден навести планови да се состане со група поранешни надворешно-политички советници. Во исто време, Бајден истакна дека сè уште не донел конечна одлука.

 

Повикувајќи се на мислењето на учесниците на состанокот, телевизијата истакна дека политичарот ќе има сериозен поттик да учествува во претседателската трка, ако следната година Демократската партија е без кандидат тогаш тој ќе има реална шанса да победи. Бајден, кој ќе наполни 78 години во 2020 година, може однапред да најави дека ако победи, тој ќе остане во Белата куќа само за еден 4-годишен мандат. 

Бајден е роден во 1942 година во Пенсилванија. Неговата политичка кариера започна во 1970 година, две години подоцна тој беше избран во Сенатот и стана еден од најмладите сенатори во историјата на САД. Долги години Бајден е претседател на Комитетот за надворешни односи на Сенатот и на Правната комисија. Во 1988 и 2008 година учествувал во борбата за Белата куќа, но ја повлече својата кандидатура откако не доби доволно поддршка за време на првичните избори.

  По победата на Обама на изборите во 2008 година, Бајден е потпретседател од јануари 2009 до јануари 2017 година.

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден е попопуларен од Опра Винфри и други потенцијални кандидати за демократи за претседател на САД.