
Од предградието на Алепо, Ал Захра и Нубл во насока на кантонот Африн во вторникот тргна голема колона со провладините сили, која би требало да влезе во овој регион, во согласност со договор со раководството на курдската YPG за да ја спречи нтурската офанзива.
Овој конвој составен од неколку стотици борци од бригадата “Ал-Бакир”, приближувајќи се до раскрсницата Ал Зара, бил подложна на бомбардирање, кој се водел од Маре, контролиран од бутновниците од “Слободната сириска армија» (FSA) и од турската територија.
Како резултат на тоа, само авангардата на колоната успеа да го помине опасното место. Останатата техника била принудена да запре, за да не потпадне под огнот на топовите. Овој инцидент се случи во близина на селото Мерамин, кој се наоѓа на 10 километри источно од градот Африн.
Потоа на небото се појавил турски дрон, кој започнал да врши корекција на огнот на артилеријата, што создало закана по животот на борците во опашката на конвојот. Освен тоа, според очевидци, од дронот биле фрлани мали бомби. Сириските војници по него пукале со автоматско оружје, за да го избркаат, соопштува дописникот на ТВ каналот Ал-Манар, кој бил сведок на борбата.
Според првичните информации за време на првиот судир меѓу Турција и Сирија, нема жртви. Се претпоставува дека турските војници отвориле предупредувачки оган, со цел дополнително да не се изострат и да се влошат односите меѓу земјите. Турски медиуми пак јавуваат дека провладините сили се повлекле од Африн по предупредувачките истрели и се вратиле во реонот на Нуб ал Захра. Најверојатно сепак тоа се однесува само на оној дел од конвојот, кој не успеал да помине, бидејќи бил изложеб под голем артилериски оган во опасната зона.