Конте не сака да се врати на чело на Италија

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Тренерот на Челзи, Антонио Конте изјави категорично дека нема намера да ја презема по втор пат репрезентацијата на Италија.

Стратегот раководеше со „азурите“ на Европското првенство во Франција во 2016-та, по што ги презеде „сините“ и успеа да ја освои Премиер лигата уште во првата сезона на чело на тимот.

„Италија? Бев доволно јасен за ова. Имам договор со Челзи до крајот на 2019 година. Мислам дека ќе го исполнам до крајот. Сè може да се случи во фудбалот. Се чувствувам добро во Челзи, но клубот треба да биде среќен и со мене. Мојата желба е да продолжам да работам тука“, рече италијанецот пред „Premium Sport“.

Слични содржини