За инает на мислењата на многу специјалисти, новото засилување на Арсенал Хенрик Миктаријан изјави дека може да игра во ист тим со Месут Озил.
„Некои луѓе зборуваат дека ние не сме способни да играме заедно, но јас не можам да го разберам тоа. Едноставно уживам да играм рамо до рамо со Месут, ова е фантастичен фудбалер. Играјки со него, јас станувам подобар. Секој ги знае неговите навики и способности, па зошто да не? Сè е можно, што ве спречува да имате две „десетки“ на теренот? Јас сум навистина среќен што сум овде. Уживам да играм офанзивен фудбал и сум дел од Арсенал“, вели популарниот Мики.
„Секој напаѓач сака да игра напаѓачки фудбал. Не е лесно кога треба постојано да се браниш. Се разбира, потребно е да се прави она што е во интересот на тимот, но во дадениот случај Арсенал игра напаѓачки фудбал, а јас се трудам да правам сè за да му помогнам“, рече Миктаријан.