За двата натпревара кои ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот македонската фудбалска репрезентација до 19 години, Вујадин Станојковиќ нема да смета на Елиф Елмас, Димитар Митровски и Дарко Чурлинов, тројцата поради клупски обврски нема да бидат дел од составот за натпреварите против Финска.
– Два многу значајни натпревари за нашата репрезентација спроти квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство. Финска е исклучително силна репрезентација и мораме да бидеме на вистинско ниво доколку сакаме позитивен резултат. Јасно е дека ќе ни недостасуваат влијателните Елмас, Чурлинов и Митровски, но се надевам дека со силна желба и борбеност останатите ќе го надополнат нивното отсуство, изјави селекторот Станојковиќ.
Натпреварите се закажани за 27 февруари и 1 март.
Станојковиќ упати повик до следниве фудбалери:
Голмани: Христијан Стевковски (Скопје), Благојче Иванов (Силекс);
Одбрана: Агрон Руфати (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио Митрев (Балзан, Малта), Филип Антовски (Вардар), Тодор Тодороски (Вардар), Филип Трајановски (Хакен, Шведска), Оливер Стоименовски (Борец), Кирил Ристовски (Борец);
Среден ред: Филип Стојчевски (Вардар), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Јани Атанасов (Академија Пандев), Михаил Маневски (Брегалница), Миле Тодоров (Нови Град, Хрватска);
Напад: Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Бојан Миовски (Работнички), Бојан Колевски (Вардар).