86
Бразилската ѕвезда на Парис Сен Жермен, Нејмар го пропушти денешниот тренинг за францускиот тим поради вирус, објавија од Парк де Пренс.
„Нејмар е болен. Се надевам дека тој ќе се чувствува подобро утре и ќе игра во недела“, рече Унаи Емери, тренер на тимот, пред дербито со Олимпик Марсеј.
Запрашан за проблемот со Неј, баскискиот специјалист одговори: „Јас не сум доктор. Лекарот ми рече дека е болен“.
Марко Верати, исто така, го пропушти тренингот поради проблеми со стомакот.