Од остатоците од лебот и уште неколку состојки, направете превкусен колач!

СОСТОЈКИ:
500 гр стар леб
4 јајца
500 мл млеко
125 мл слатка павлака
100 гр путер
70 гр шеќер
1 лажица цимет
50 гр суво грозје
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Лебот исечете го на крупни коцки. Разматете јајца, додајте млеко и слатка павлака. Во друг сад или во подлабока чинија ставете путер кој малку омекнал на собна температура, додајте шеќер и цимет па соединете со помош на вилушка (ќе се направат трошки).
Половина од исечениот леб ставете го во плех, преку посипете со половина од трошките од путер и со половина од сувото грозје. Потоа ставете го останатиот леб, повторно трошки путер, па залијте со разматени јајца, млеко и слатка павлака. Посипете со останатото грозје.
Ставете го плехот во претходно загреана рерна на 200 степени и оставете да се пече околу еден час.
Послужете топло, со мед, свежо овошје, сладолед…