Во Велика Британија се разгледува воведување данок за лицата над 40 години, за да се обезбедат средства за финансирање на растечкиот број луѓе за кои се верува дека ќе живеат до сто години.

Овој предлог го изнесе поранешниот заменик премиер Демијан Грин, кој рече дека новата мерка под наслов „Пораз на деменција 2“ е единствен начин да се осигура потребната секојдневна нега на старите лица која им е потребна за да можат достоинствено да живеат и да умрат.
Според него, предлогот на премиерката Тереза Меј постарата популација да се одрече од дел од вредноста на својот имот за да ги плати трошоците за лечење и старски дом, е производ на нејзиниот неуспех да добие мнозинство во долниот дом, пишува Daily mail.
„Се повеќе луѓе ќе живеат до 100 години. ржавата за тоа мора да се подготви. Можно е да се воведе обавезен данок од два отсто за лицата постари од 40 години за да се загарантира социјална грижа и внимание“, вели Грин.
Според неговите процени, ако лицето годишно заработува 27.000 фунти данокот би зинесувал 364 фунти годишно.
Ако некој заработува 52.000 фунти, данокот би изнесувал 884 фунти, па на овој начин годишно може да се соберат 20 милијарди фунти.